Прекрасен старински десерт, на кој чајните колачиња од Винчини му даваат посебен шмек. Парадижот е комбинацијата на шненоклите со чајните колачиња или пак можи да биде со обични бисквити.

Најпрво се ставаат 900мл. млеко и 2 ванилини шеќери да зовријат.

За тоа време се матат белките со прстофат сол во густ снег, а потоа се додава ванилата и шеќерот и се матат во цврст шам.

Во зовриеното млеко со наводената лажица се пушта снегот од белките, оганот малку се намалува, да не претече млекото.
Облачињата се варат по 20-30 секунди од секоја страна.
Се вадат со решеткаста лажица и се ставаат над чајниите колачиња кои претходно се наредени во стаклена чинија.Така се реди еден ред од облачињата, а другите се ставаат во цедалка да се цедат.

Штом се заврши со варењето на белките се вари кремот од жолчки.
Жолчките се матат со убаво со жица или миксер, се додава шеќерот, брашното и нишестето. Се разматува добро.
Се додаваат во зовриеното млеко, кое претходно малку го мешаме за да се растурат остатоците од белките или уште поубаво е ако го исцедиме. Кога ќе згусти кремот, се трга од оган.

Се полеваат облачињата од белка со кремот, па повторно се редат чајни колачиња.
Врз нив шненоклите, па повторно од кремот.

Се лади убаво десертот, се ренда чоколадо и се послужува.

Уживајте!

Еден советЧ за да не се пушти снегот од белки, садот со снег се става во друг сад со ладна вода и мраз.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани