Патлиџаните измиете ги и пресечете ги по должина. Малку засечете ги одозгора, полијте ги со малку масло, наредете ги на тава со хартија и потпечете ги во загреана рерна десетина минути. Извадете ги, нека се оладат малку и со лажиче извадете ја средината, да остане само лушпата, но внимавајте да ја задржи формата.
На малку масло ставете го ситно исечканиот кромид заедно со лукчето, пропржете го, па ставете го месото. Откако ќе го испржите ставете ја средината од патлиџаните претходно исечкана, пропржете уште малку, зачините, па изренданите домати. Убаво нека издинста, да испари течноста.

За бешамелот, на путерот запржете го брашното, турете го млекото, зачинете по вкус и мешајте се додека не се згусти. Тргнете го од огнот и ставете го ренданиот кашкавал.
Секој патлиџан наполнете го со месо, ставете го во загреана рерна петнаесетина минути, извадете ја тавата и одозгора ставете му од бешамелот.
Нека се потпечи убаво и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови