Во топлата вода ги ставме квасецот, шеќерот и едно лажиче брашно.
Нека се активира и постепено во садот ги додаваме сите течни состојки, јајцето,солта.
Сега ги додаваме и снегулките.
Нека одстои така 3-4 минути.
Замесуваме тесто со постепено додавање на брашно.
Тестото треба да биде замесено на меко.
Го покриваме и оставаме 30 минути да кисни.
Потоа го делиме на два дела.
Од секој дел расукуваме кора, ја сечиме на триаголници.
На широкиот дел од триаголникот ставаме парченце фета сирење.
Виткаме кифли, а крајчињата на триаголникот ги завиткуваме навнатре.
Ги редиме на плех.
Ги премачкуваме со изматено јајце, наросуваме чурекот.
Киснат 15 м и ги печиме околу 20 минути на 200 степени.
Ги оставаме на кујнска решетка да изладат па ги сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани