Предлог за совршено брзо мезе.
Прво сварете ја палентата во вода која врие и сте додале сол и масло.
Сварената палента ја ставаме во намрсен плех, убаво ја израмнуваме и оставете ја да се излади.
Ладната палента со модла ја сечеме на кругови.
Секој круг палента го мачкаме со кисела павлака, ставаме чајна и набодуваме една зелена маслинка.
Декорацијата ја завршуваме со по неколку зрна капари и наросување со пармезан.
Послужете веднаш....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови