Сите состојки се мешаат со мешалка (може и со миксер на слаба брзина). Убаво изматеното тесто да отстои 10тина минути, додека минералната вода малку да испари, таман имате време за фотографирање. :)
Се пржат палачинките во загреана тава. Се сецкаат смоквите и оревчињата.
Се нанесува од филот на палачинката, по желба се украсува со суво грозје, сува брусница.

Мене ми излегоа 10 палачинки. На крај со течноста од слаткото си ставив одозгора. Домашното слатко смокви е благо, затоа ставив една смоква на една палачника, со повеќе оревчиња. Таман благо!

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови