1. Кикиритките најпрво се потпекуваат додека не добијат румена боја.
2. Шеќерот се става на тивок одан да се растопи да стани карамел.
3. Во карамелот се ставаат испечените кикиритки и смесата се истура на фолија да се излади.
4. Карамелизираните и изладени кикиритки се мелат.
5. На тивок оган во тава се става локумот и водата.
Цело време се меша додека не се растопи локумот. Откако локумот ќе се растопи се додаваат претходно исечената бана.
6. Бананата со локумот се остава на тивок оган се додека не се соединат состојките.
7. Кога ќе биде готово се трга од оган и во сместа се додаваат измелените карамелизирани кикиритки.
- Палачинките се по овој рецепт 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови