Ѓомлезе е традиционално јадење кое се прави во Охридскиот регион и често се наоѓа на трпезите кај Охриѓани или по Охридските ресторани. Времето за подготовка е долго меѓутоа крајниот резултат го оправдува.
Состојките се прилагодени за подготовка на ѓомлезе во плех број 42.
За подготовка на ѓомлезе треба да се има силен оган(од трески) сач или вршник и пирустија.
Се пали оганот и врз огнот се става сачот кој треба да е покриен со пепел да се вжешти.
Кашата се прави од сите состојки(без маслото) убаво се меша до густина на каша за палачинки.
Постапка
Плехот го ставаме врз пирустијата го мачкаме со масло и ставаме три црпалки од кашата. Покриваме со жешкиот сач и оставаме да се пече 3-4 минути. Потоа врз испечената кора прскаме масло кое го распоредуваме со лажица по целата кора. Повторно ставаме 3 црпалки каша ја распоредуваме, покриваме со жежок сач, печеме 3-4 минути, па масло....и така се додека ја потрошиме цалата каша.
Последната кора ја мачкаме со масло па ѓомлезето го сечеме форма на баклави.
Врз сачот ставаме малку жар, плехот на пирустија го покриваме со сачот и оставаме да се пече околу еден час(најдобро на жар а не на оган)
Па ако имате услови и желба пробајте,ако не во Охрид секаде има...
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови