Најпрвин замесете ги тортилјите.
Во сад ставете ги сите состојки и со постепено додавање на водата замесете тесто.
Поделете го тестото на 6 топчиња.
Покријте ги со најлонска фолија и оставете да отстојат 20 минути.

Во меѓувреме направете го бешамелот
Во касерола растопете го путерот.
Додајте го брашното.
Пропржете па додајте го топлото млеко.
Мешајте додека се згусти.
Посолете, додајте малку бибер и оставете да се подолади.

Во тава со сосема малку масло ставете ги сецканото лукче и ренданите тиквичка и морков.
Пржете додека малку подомекнат.

Моцарелата исечете на ја мали коцки.
Колбасите исечете ги на мали парчиња.

Откако тестото отстои, од секое топче расукајте кора со дијаметар околу 18 цм.
Пржете ги тортилјите на загреана нелеплива тава без масло.
Испржените тортилји ставајте ги во крпа за да стојат меки.

Во калап со обрач(дијаметар 18цм) ставете една тортилја.
Премачкајте со бешамел.
Нанесете од тиквичките и морковот, коцки моцарела и парчиња колбас.
Одозгора ставете друга тортилја и повторете ја постапката со останатите тортилји.
На последната тортилја ставете само бешамел и коцки моцарела.

Ставете да се запечат во загреана рерна на 200 степени, 20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани