Супер салата, која потсетува на таратар салатата и е многу освежителна. Излупената краставица, исецкајте ја на поситни коцки. И шунката исецкајте ја на ситни коцки. Во овие состојки, додадете ги киселото млеко, павлаката и мајонезот. Потоа, младото лукче ситно исецкајте го и додајте го во салатата. На крај, посолете по вкус и додајте мелен црн бибер. Оставете ја салатата да се излади во фрижидер и состојките да се надополнат.
Од горе, украсете ја со запечени и излупени семки сончоглед
Салатата е потечна, слична како и таратор салатата

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови