Путерот кој претходно бил на собна температура,се мати со шеќерот.
Во друг сад се мешаат содата, брашното и пецивото.
Се ренда и кората од лимонот.
Откако е добро матено се додава постепено јајце по јајце.
Во ист миг се додаваат брашното и бутермилкот.
Се мати добро, па смесата се истура во тава обложена со хартија за печење.
Се пече во вжештена рерна, па намалувате постепено.
Кога е печена се вади од рерна и се остава да истине.

Се боцка со вилушка и се попрскува со сирупот од лимон кој го подготвуваме на следниот начин ...
5 лажици полни шеќер се прелеваат со филџанче вода и се додава 1 лимон на тркалца.
Се остава да поврие па се попрскува пандишпанот.

На страна се спрема пудингот на стандардниот начин, па во оладен пудинг се додава путерот.
Оставете да се изедначи смесата постојано мешајќи.
Кога смесата е ладна се нанесува врз пандишпанот, се рамни, па се постила со тенки тркалца лимон.
Тортенгустот се спрема по начинот претставен на кесичката.
Во вода се раствара шеќерот и тортенгустот и се меша до негово делумично згуснување.
Полејте врз лимоните рамномерно, па оставете да се стврдне.
Имате прекрасен краситок вкус.
Нека ви е на здравје.

Забелешка

- Тортата е поубава кога ќе ја оставите барем еден ден да се одмори. Ставете во ладилник и ќе добиете преубав освежителен колач.

- Лимоните оставете ги во сад со вода и едно лажиче сода. Нека отстојат малку па исплакнете ги пред употреба, затоа што се употребуваат со кората.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови