Овој пијалок доаѓа од Русија.
Пијалокот е многу освежителен во жешките денови.
Земете една голема тегла од 2 или 3 литри.
Црниот леб исечете го на коцки и подпечете го малку во рерна.
Во една чаша ставете топла вода, додадете во неа квасец и промешајте.
Потпечениот леб ставете го во тегла, ставете шеќер, квасец и додадете топла вода во теглата до горе.  Промешајте. Така оставете го на топло место 3-4 дена.
Квасот прецедете го, ставете го во шише и во фриждер да се излади.
Квасот има киселкасто сладок вкус, многу е убав и освежителен.
Пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови