За сосот

Најпрво се пропржува пилешкото месо на маслиново масло. Откако е запржено се додаваат лукот и кромидот ситно исецкани, се пропржува додека кромидот добие стаклеста боја, па се додава соја сосот и водата. Убаво се промешува па се додава зеленчукот според времето кое му е потребно за подготовка. Најмногу време му треба на морковот кој е исецкан на коцки, па него го додадов прв. Се пропржува некоја минутка, се додава пиперката исецкана на ленти и на крај тиквичките сецкани на коцки. Доколку сакате да ставите некој зачин сега може да го направите тоа, само внимавајте со солта, затоа што соја сосот е доволно солен. Откако ќе омекнат и тиквичките се додава киселата павлака убаво се промешува и се пропржува уште 1 до 2 минути.
Во овај сос може да додадете претходно сварен ориз или убаво одговара и со тестенини.

п.с. Количината на зеленчук, вода, соја сос може сами да ја одредите во зависност од тоа за колку мина готвите. Јас око ги додавам состојките, а погоре дадените количини не се стандардни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови