Оризот е основна храна на повеќе од половина жители во светот, изворедно хранлив и богат со минерали и витамини. Поради биолошкиот состав, има важна улога во диеталната исхрана. Брендот Сончева Долина на пакувани зрнести - земјоделски производи има неколку вида на ориз: Интегрален, Домашен, Кочански, Сан Андреа и мелен ориз.

Оризот е извор на енергија, одличен антиоксиданс и поволно делува на целиот метаболизам. Како хранлива, лесно сварлива храна, оризот корисно делува на цревната флора и не предизвикува алергиски реакции. Од витамини, најмногу содржи витамин Е и витамини од групата Б.

 

Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на брендот.

Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.