Ова се моите здрави „пилешки прсти“, полни со вкус, со крцкава надворешност поради семињата со кои се обложени, меки и сочни одвнатре. Брзи и многу лесни за подготовка....
Насечете ги стековите на ленти како за пилешки прсти. На страна во толчник истолчете десетина зрна коријандер со ким и бибер на вкус. Насолете го стекот, наросете со истолчените зачини заедно со останатите зачини, премачкајте го секое парче убаво со сенф и пржете на загреана грил тава, на силен оган, во која сте додале една супена лажица маслиново масло.
Пржете по 2-3 минути од страна и штом ги завртите наросете со семињата. Повторно вратете ја на кратко испжената страна да долната страна од тавчето колку да се тостираат семињата и да испуштат вкус и јадењето е готово....
Бидејки црното семе има подлабок и потежок вкус за некои, вака приготвените стекови можете да ги гарнирате со сос направен од јогурт и таан.... Јас го правам од око и на вкус.... Нареден пат ќе запазам некои мерки и ќе го презентирам, но сепак мислам дека за вкус се работи....
Добар апетит...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови