Еве уште еден свеж оброк со мојата омилена орзо тестенина.
По желба може да се додаде и кисела павлака, сирење...... односно да се прилагоди по сопствен вкус.
Во еден сад ги соединуваме сите состојки за преливот. 
Промешуваме и оставаме на страна.
Во касерола налеваме вода, додаваме сол.
Од кога ќе зоврие се додава орзо тестенината да се вари според упатството.
Пред крај, односно пред 1 минута ги спуштаме цветовите брокула колку да се бланшираат кратко во врелата вода.
Процедуваме и се миеме со ладна вода, за да го прекиниме процесот на варење.
Во еден сад ги ставаме сецканите цветчиња брокула, тестенината, капарите, на коцки исецкан црвен домат и исчистен од семето, пилешкото месо сецкано на коцки.
Наместо пилешко месо може да се користи и пилешка шунка.
Додаваме свеж сецкан магдонос и босилек.
Го додаваме и преливот.
Се заедно убаво соединуваме и сервираме за дегустација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани