Најпрво треба да ги замрзниме портокалите. Потоа ги рендаме еден цел, другиот без кората.
1. Се вари шеќерот заедно со водата околу 5 мин. Се трга настрана и додека е врело се додава маргаринот и чоколадата да се растопат.
2. Кога малку ќе се олади смесата се додаваат оревите, бисквитите и ренданите портокали. Убаво се меша да се изедначат состојките.
3. Со млак фил се филуваат розен корите.
4. На секоја кора се става по 5 лажици од филот.
5. Последната кора не се филува. Се покрива со проѕирна фолија и се става некој предмет да притисне да се стегнат корите.
6. Кога добро ќе се олади се сечат на коцки со склапер и се макнуваат во чоколадо.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани