Овој рецепт е многу лесен и вкусен.
1. Тиквата се чисти од лушпата и се вари.
2. Потоа изладената тиква се пасира.
3. Во тиквата се додаваат брашното, јајцето, пецивото, солта и шеќерот.
4. Со лажица се прави тестото.
5. Кашкавалот и сирењето се сецкаат.
6. Тестото со лажица се става во врел зејтин.
7. Врз тестото се става сецканиот кашкавал или сирење.
8. Одозгора се става уште еден слој од тестото.
9. Се пржи од двете страни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови