Најпрво се спрема чиа пудингот, така што состојките се мешаат во една чаша, чашата се покрива и се остава во фрижидер неколку часа или најдобро преку ноќ за утрото да е спремно за конзумирање.

Потоа се блендираат сосотјките за овошниот дел, при што кокосот можи да се додава и откако се ќе се измиксира.

*Можи да се избери било кое овошје по желба, исто така и вид на засладувач ако сакате послатко, како и млеко (кравјо, кокосово, бадемово и сл.) или јогурт или вода.
Битното е дека можи убаво да се започни денот со избрани здрави состојки кои ќе ја одржуваат енергијата за брзо време после будење, особено погодна за оние кои не се навикнати да појадуваат, т.е. џвакаат наутро ;)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови