Во длабок сад помешајте ги јајцата и шеќерот, додадете ја и ванилата.
Матете да добиете убава густа смеса.

Во друг сад помешајте ги пецивото и брашното и нарендајте им кора од лимон.
во друг сад ставете го млекото и маслото.
Постепено додајте ја прво смесата од брашно, а потоа смесата од течности.
Овошјето ќе ги измиете, исушите да нема вода и исецкате на посакуваната големина.
Во садот каде ќе печете ставете масло и набрашнете.
Префрлете малку од смесата и наредете го овошјето добро распоредено.
Прекријте го со останатата смеса. Печете подолго на потивко, 180 степени, 45 мин, затоа што овошјето пушта сок при печењето.
Кога е печена оставете да истине, па сечете на коцки.
Попрскајте ја со шеќер во прав и бурбон ванила.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови