Топло ви препорачувам уште еден неодоливо вкусен десерт, со готови кори на Винчини. Во уста се топи, вистинско уживање! Ч)

За првиот фил
Жолчките се матат, се додава 200 мл.млеко, па пудинзите и нишестето, убаво се соединува. Се додава во остатокот од млекото-800 мл., кое веќе сме го ставиле на оган да зоврие со шеќерот и ванилата. Се вари кремот на умерен оган до потребната густина. Се трга настрана и се остава да се лади со повремени мешања.

Во нецелосно изладен, млак крем се додава путерот и лимоновиот сок. Се миксира.
Во целосно ладно се додава изматената слатка павлака и се поврзува со нежно матење.

За вториот-овошен фил
Во 1 дл. вода се раствора нишестето.
На оган се става овошјето во тенџере да зоврие. Се додава шеќерот и ванилата.
Штом проврие сето тоа, се додава раствореното нишесте. Се вари со постојано мешање, додека добиеме смеса како мармалад. При варењето ги пасираме крупните делови од овошјето. Оставаме да се излади.

За третиот фил
Слатката павлака и шлаг кремот се матат до потребната густина.

За глазурата
Над пареа се топи чоколадото со маслото и млекото.

Финална постапка
Корите се сечат в долж, значи добиваме четири листа.Се попрскуваат со по малку млеко пред филовање.
Кора-ванилин фил-овошен фил-слатка павлака
Истото се повторува и на вториот и третиот лист, а на четвртиот се става само ванилин фил и слатка павлака.Целата торта се премачкува со ванилин фил.
Убаво изладена се полева со глазурата, која и таа е малку подизладена.

На здравје!

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови