1. Во еден сад ги сечите бананите на мали парчиња, исто така во друг сад ги сечите кивите.
2. Земате една голема лажица на која ставте едно парче од бананата и го брцкате во малибуто, избрцканите парчињата ги редите во чаша. Постапката ја повторувате и за кивито.
3. Постапката се повторува се додека имате овошје.
4. Чашите ги ставате во фрижидер малку да се оладат околу 10 мин. потоа декорираме со шлаг пена и чоколаден прелив пред јадење.

Пријатно јадење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови