Еве едно посно благо со овошен и сочен вкус за во посниве денови.
Најпрвин се прави шербетот.
1. Штом зоврие водата и шеќерот се става лимоновиот сок, врие 2-3 минути, се трга настрана и се лади.
2. Јаболката се чистат, се рендаат, се прскаат со малку лимонов сок и се оставаат настрана.
3. Во сад се става шеќерот, гризот, какаото, пецивото, циметот и брусницата, се меша сето. Се додава маслото, сокот од портокал и ренданите јаболка, се измешува. На крај се става брашното и смесата се меша убаво да се изедначат состојките.
4. Смесата се истура во намастено и набрашнето тавче бр.28 и се пече во загреана рерна на 200 степени 40-45 минути, но секако зависно од рерната, се проверува со чечкалица.
5. Испечената араванија одма се сече на коцки или локуми и се полева со ладниот шербет. На тавчето се става алуминиумска фолија, се остава да излади и да се впие шербетот. За 2-3 часа кога е убаво изладена, може да се проба.

Забелешка
* Наместо сок од свеж портокал може да се стави вода.
* Циметот по желба може да се изостави.
* Наместо суво грозје, јас ставив брусница, истата е доста сочна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани