Постапка
- Во сад ставете го млакото млеко, 1 лажица од вкупната количина на шеќер, 1-2 лажици брашно, размешајте и оставете да стаса. Повремено размешувајте го додавајки секој пат по малку од брашното (околу 2-3 пати )за да стане како крем.
- Ставете во миксер јајцата со едната жолчка и остатокот од шеќерот, разматете ги, но не пенесто. Додадете во нив стасаниот квасец кој веќе е кремаст, размешајте и додавајте наизменично од остатокот од брашното, ароматите и алкохолот. На крајот од мешавината од масло и свинска маст, но не целата, оставете малку за домесувањето.
Кога веќе се одлепува од зидовите на содот во кој се меси, додадете ја и останатата мешавина од маста и маслото, пак нека се меси додека се впие во тестото. Ке добиете не многу тврдо - но не и меко тесто, тоа е еластично. Покријте и оставете да стаса.
Стасаното тесто поделете го на три еднакви делови, направете ваљаци и сплетете не стегната плетенка, за да не ви испука додека стасува и потоа се пече. Ставете ја на хартија за печење и префрлете вопекот во кој ќе се пече. Покријте и нека стаса.
- Кога е стасана премачкајте ја со жолчка која сте ја разматиле со малку млеко, врз неа наредете го сувото овошје и орашастите плодови, посипете со ванилата и ставете да се пече на 170 степени преходно загреана рерна, нека се лесно подзапече, потоа покријте со фолија за да не ви изгори овошјето и јатките.

Печено извадете и додатно одозгора ставете свежи портокал и лимон, само портокал - (како сакате) лесно прелијте со загреан мед. Оставете да олади.

Напомена

- Од оваа количина ќе имате една голема плетенка што сметам дека не е потребно и додатно да прави проблеми околу сместувањето во тавата, јас би препорачала две помали плетенки. Ставив во самото тесто исуво грозје само малку, а остатокот го ставив одозгора.
- Додека ја оформувам рацете ги намачкувам со масло за полесно да се справам со тестото и директно ја плетам на самата хартија за печење за да потоа не ја преместувам туку само пренесам во тавката.
- Оваа плетенка не е од типот на козунаците или милиброд, оваа плетенка мене ме потсетува на кекс, пресек немате затоа што таа не беше наменета за дома туку беше празничен подрок со кој и исполнив желба оти сакале ете баш вакво тесто.
- За премачкувањето можете да одделите плус жолчка или пак од таа една која е за во тестото со лажичка одделете малку, потоа разматете ја со млеко и премачкајте ја плетенката.
- Овој пат направив 6-шест делови, откако ги направив како ваљак спојував две по две, и така со тие добиени три дела плетев лабава плетенка, од љубопитност да видам како ќе излезе вакво плетење.

-

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани