Ова е една од оние рецепти за кој нема грешка! Се знае дека ќе биде најубаво! Многу е едноставно за подготовка, брзо и лесно.
Ова беше еден од Божиќните, односно Бадниковите колачи кој ја красеа трпезата.

1. Сливите, урмите и смоквите ставете ги во сецко/блендер и околу 5-7 секунди блендирајте ги, да се добие убава густа смеса.
2. Потоа додадете ги брусницата, сувото грозје, оревите, аронијата и ликерот и се заедно изблендирајте, на 3-4 секунди. Немојте предолго, нека се познаваат овошките.
3. На проѕирна фолија, обликувајте ја смесата во салама форма. Јас ја обликував на потенко, бидејќи е доста јако на вкус, па да се сечат помали парчиња.
4. Откако ќе ја обликувате, одмотајте ја и наросете рендано чоколадо, убаво распределете го насекаде и притиснете да се залепи. Повторно замотајте и ролајте кратко време.
5. Оставете ја овошната салама во фрижидер за длабоко, убаво да се излади и стегне, за да полесно се сече.
6. Изладената овошна ликер салама се сече на тенки крукчиња и се послужува.

*Јас правев домашен ликер од аронија, па затоа искористив и да ги вметнам тие состојки во овој колач. Ако немате ваков ликер, додадете рум или пак ставете го сувото грозје нека стои во рум околу половина час и потоа следете ја постапката. Нема да погрешите!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови