1. Јаболката се рендаат, а јајцата се матат со миксер заедно со шеќерот.
2. Кон матените јајца се додаваат гриз, исецкани ореви, рендани јаболка, брашно, пециво и какао и се промешуваат.
3. Смесата ја ставаме во тавче број 32 претходно намрсено со масло и се пече на 200 степени околу 20 минути.
4. Водата, шеќерот и ванилинот се зовриваат, потоа со оладениот шербет се полева араванијата.

Доколку сакате наместо ореви може да се додадат лешници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани