Овој таканаречен десерт често пати е мој појадок и го обожавам и го правам со различно сезонско овошје.

Подготовка
1. Чија семето заедно со ванилата и 2 лажици мед се потопува во јогуртот и се остава да одстои 24 часа.
2. Наредниот ден, во него додавам половина од павлката и го промешувам, па смесата ја делам на 2 дела. Во едниот дел ставам 30% од малините, а во другиот 70%. Малините ги пасирам во јогуртот или ги блендирам пред да ги додадам во јогуртот. Така се добиваат две нијанси на јогурт.
3. Во останатите 200 гр павлака го додавам преостанатиот мед.
Во чаша прво ставам еден слој од потемниот јогурт, па потоа од посветлиот и најозгора ставам од павлаката со мед. Така добивам тробоен десерт или појадок за поубав изглед во чашата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани