Прекрасна овошна торта.
Благодарност до мојата пријателка за овој прекрасен рецепт.
Тортата ја спремив за именденот на мојата поголема ќерка Елена.

За паншишпанот користиме
250 гр брашно,125гр шеќер,125 гр путер,1 лажиче пециво и 1 јајце.
Замесуваме меко тесто.
Одвојуваме мал дел од тестото и го рониме врз хартија за печење на ситни ронки.

Со рацете го разредуваме тестото во калап. Јас калапот го обложив со хартија за печење.
Го ставаме калапот во претходно загреана рерна.
Печеме 10 до 15 минути.

Откако е печен, го вадиме калапот и оставаме да излади.
Кајсиите ги миеме и чистиме од семките.
Ги сецкаме на коцки.
Јагодите ги миеме и им ги отстрануваме рачките.
Ги оставаме да се исушат од водата што ги миевме.
Боровинките и аронијата ги користев во замрзната состојба.
Врз изладениот пандишпан,го редиме овошјето.
На страна во сад на оган го подготвуваме тортенгустот според упатството.
Можете да користите прелив за торти.
Јас одбрав со вкус на јагода.
Откако ќе ја постигне потребната густина, оставете една минута да се смири од огнот, па го прелевате овошјето.
Оставете да отстои 30 минути на ладно да стегне.
Настрана изматете ја слатката павлака.
Додајте зацврстувач да стои по цврста да биде.
Премачкајте ја цела торта.
Врз слатката павлака наросете ги печените ронки и декорирајте со парчиња овошје. Оставете да излади, па служете.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови