Здрав и превкусен овошно житен колач на кој нема да оддолеете. Во комбинација со утринското кафе, нема ни да ви треба појадок.

Прво половина од житарките измелете ги и измешајте ги со немелените житарки, со брашното, прашокот за печиво, шеќерот, зачините и додадете го путерот и измешајте убаво. Замесете го тестото со рака за поубаво.

3/4тини од ова тесто ставете ги во калап или тавче со големина на дијаметар 20тина цм. Натапкајте го убаво.

Во друг сад, измешајте го овошјето со шеќерот и густинот и ставете го рамномерно врз тестото.

Останатата 1/4тина од тестото распоредете ја над овошјето, наросете снегулки и ставете да се печи на 180 степени околу 40 минути.

Оставете да се олади, па послужете.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови