Здрав освежителен овошен сок од капини јагоди и банана готов за 5 минути а најважно без додавање на дополнителни шеќери.
Јагодите и копините ставете ги во еден сад. Бананата исечкајте ја на кругови и додајте ја во садот. Со блендер изблендирајте ги сите состојки. Откако ќе добиете мазна смеса додајте вода по желба до посакуваната густина.

Забелешка-Јас кога и да правам некој овошен сок никогаш не додавам доболнителни шеќери, но сепак е ваш избор доколку сакате додајте кога ќе почнете да блендирате. Добар Апетит...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани