Освежителен овошен крем кој може да биде одличен доручек или пак десерт.

- Праската се лупи, се сечка на помали парчиња, се става во сечко.
- Бананата исто така се сечка и заедно со оревите се става во сечкото, се блендира до мазена кремаста смеса.
- Зависно од киселоста на праската, ако не е доволно благо, може да се додаде јаворов сируп (или мед).
Бананата се користи како основа за густината на кремот.
Исто така кремот може да се направи и со нектарина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани