Овошјето заедно со водата или овошниот џус и чиата се става на рингла и се загрева на умерена температура. Додека се загрева со вилушка се пасира и повремено се меша. Секако, зависно од изборот на црвено овошје, можи и претходно да се исечка. Се загрева некои 5 и повеќе минути додека не се створи одредена течна густина на смесата. Потоа се трга и се остава да излади.

Во посебен сад изматете ја слатката павлака со ванила шеќерот и потоа додадете го цврстиот јогурт или лајт павлака и со миксерот се убаво изматете за крај.
Доколку имате јогурт со вкус на ванила, тогаш уште полесно.

Во поголема и подлабока чаша се става прво еден грст од гранолата, па врз неа ванила јогурт кремот, па овошниот крем наизменично во 2-3 нивоа, зависно од капацитетот на чашата и на крај одозгора се завршува со уште еден грст гранола и по некој дел од овошјето со чиа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови