1. Најпрво го припремаме бисквит тестото. Сите сосотојки ги ставаме во блендер фино да се сомелат. Се додава брашното, медот, масло и се меси да се добие тесто од кое може да се формира топка.
2. Се става во плехче обложено со хартија, се притиснува со вилушка за убаво да се оформи. Јас го правев во округла тава бр 26, ако сакате потенко да биде може и во поширока.
3. Се печи 15 минути во загреана рерна на 180 степени, па се остава 5 минути да се излади, и се премачкува со мармалад.
4. Над мармаладот се посипува со смесата од ореви и овесни снегулки, па се враќа во рерна уште 15-тина минути  или додека оревите да се потпечат.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови