Прво гравот го миеме и го оставаме во тенцере во кое налеваме вода.
Нека одстои така 2 часа.
Потоа водата ја истураме налеваме чиста вода, додаваме главица кромид, лажица масло и по желба лута зелена пиперка.
Оставаме на тивок оган да се вари.
Сварениот грав го процедуваме од течноста и го ставаме во тајнир за сервирање,
Тука доаваме зелени маслинки, исецкана блага зелена пиперка, исецкан кромид, исецкан домат.
Соединуваме.
Во еден мал сад ги соединуваме сите состојки за дресингот.
Прелеваме врз гравот, промешуваме, ставме мали ливчиња босилек или нане и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани