1. Ги матиме пенесто жолчките со шеќерот и лажица млеко.
Млекото го ставаме на оган полека да се загрева и во него ја додаваме смесата со жолчките и вариме како пудинг. Откако ќе згусне оставаме да олади, а потоа во ова го додаваме изматениот маргарин со мелените бисквити и ореви.
2. Листовите обланди ги ставаме помеѓу две влажни крпи да омекнат за да може да правиме ролат. На омекнатата обланда мачкаме од филот и редиме по должина 4 крем банани.
Виткаме и оставаме на неколку саати во фрижидер да се стегнат, па потоа ги сечеме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови