Во подлабок сад се става локумот, урмите и 150мл вода. Се ренда кората од двата портокали и се цеди и сокот. Целата смеса се става на тивок оган да се растопи да се спои. По потреба зависно од квалитетот на урмите и локумот може да се додаде вода, но малку да не се разводни филот. Одкако ќе се стопи локумот се додава чоколадата и кикириките. 300гр кикирики се мелат ситно, а другите 300 покрупно. Филот треба да се олади, а потоа се филуваат обландите. Одозгора се става глазура по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани