Вкусен, брз и едноставен десерт кој сите го сакаат.
Се варат млеко и шеќер во голем сад на среден оган додека не зоврие смесата. Се додава маргарин, потоа чоколадо. Кога ќе се растопат се додаваат и мелени ореви. Се трга садот од оган, па се додаваат мелени бисквити.
Се соединува смесата и се филуваат обландите.
Се оставаат со некој тежок предмет над нив да оладат и се сечат по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови