Се зоврива млекото со шеќерот и ванилата, некои 3 минутки.
Се додава исецканиот маргарин, ринглата се исклучува и се продолжува со мешање додека се стопи маргаринот.
Се трга од оган и се додаваат оревите, се меша, па се додаваат бисквитите.
Се лади смесата, да биде топло кон млако и се додаваат сецканите желе бомбони.
Се мачка едниот лист од обланда, па се става врз филот другиот лист од обландата.
Се завиткува во стреч фолија, се отоварува со нешто тешко-даска за леб сечење и некоја книга и се остава така да отстои една ноќ.
Другиот ден се сечат саканите форми.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани