Овој прекрасен хроно леб е наречен “облак“ леб, заради неговата леснотија и воздушест изглед. Тој се подготвува многу поразлично од досегашните хроно лепчиња кои сум ги подготвила досега, а рецептот е на Ана Чубела. Таа го подготви веднаш по нејзиното враќање од Македонија, каде имав прилика лично да ја запознаам. Оттогаш, овој рецепт ми стои во мисла дека сакам да го пробам. Направив измена на нејзиниот рецепт, во врска со комбинацијата на брашна. Нејзиниот совет за овој тип на леб е да се користат полесни брашна. Таа користела бело хељдино, во комбинација со ржано брашно. Јас се одлучив на интегрално пченично со јачменово и не погрешив, искочи совршен.

Ова лепче се подготува на следниот начин

1. Се матат белките, не во густ снег, туку само пенасто, со вилушка.
2. Се додава прстофат сол, се мати кратко и потоа се додава маслото и се меша.
3. Потоа се става по една лажица од брашната и пецивото. Убаво сето тоа се промешува.
Ќе добиете доста течна смеса, но така и треба да биде, бидејќи овде се работи и за различна подготовка.
4. Во многу мал округол калап или во калап за мафини се става смесата. Се пече на 200 степени, околу 15тина мин. Проверете со чепкалка дали е печен.

*Јас го користев сетот за печење-стоун леџенд и направив одеднаш 7 различн видови на леб, меѓу кој беше и овој прекрасен облак леб.

Во ова тесто има многу белка, споредено со брашно, но токму поради таа причина, ќе добиете прекрасен облачест леб.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови