Слатката павлака ја матиме, додаваме кисела павлака и кондензирано млеко и соединуваме. Го додаваме чоколадниот крем, соединуваме.
Желатинот го растворуваме според упатство, го ставаме на ниска температура да се растопи. Го додаваме кон претходната чоколадна смеса. Во половина од смесата ставаме рендано чоколадо и инстант какао.
За подлогата путерот и мелените бисквити ги ставаме во нутрибулет и ги соединуваме.
На дното од чашата ја измазнуваме подлогата па ја ставаме едната половина од кремот. Одозгора ставаме 2 лажици мелени бисквити.
Потоа ја ставаме останатата крем смеса од чоколадо и какао. Оставаме да се излади и стегне.
Украсуваме и уживаме!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани