Лесно, брзо, вкусно десертче во чаша.

Кексите се ставаат во нутрибулет се  мелат. Се додава путерот и сокот и убаво се соединува со рака.

За кремот: се мати слатката павлака цврсто.
Се додава крем сирењето и на најслаба брзина се соединува со миксер.
Потоа се додава кремот и убаво се изедначува.

Во шест мали чаши се става по малку од смесата со бисквити, па од кремот.
Постапката се повторува уште еднаш.
Се украсува по желба.
Нека отстои во фрижидер убаво да се разлади, па се послужува.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови