Путерот на собна температура се мати со шеќерот и рум шеќерот додека не се растопат. Се додава медот додека убаво не се поврзи и на крајот брашното предходно измешано со останатите суви состојки. Се меси тесто, кое се става во фолија и потоа во фрижидер да одстои 30-45 минути.

Оладеното тесто се развлекува во кора со дебелина од половина см (јас малку ги приистанчив) и со ѕвездести модли се вадат форми. Во средината на секое колаче со помал калап се прави дупка. Ако немате помало калапче со ѕвездест облик, можи и некое кружно или некоја тапа од шише добро ќе заврши работа.
Тестото знае да е малку неблагодарно за работа, но откако ќе го совладате, се добива совршен резултат.

Бомбоните предходно се ставаат во цврста подебела кеса и со тврд предмет, како оклагија или толчник се кршат на поситни парчиња.
Во средината на секоја ѕвезда се става од кршените бомбони.

Ѕвездите ги печиме во загреана рерна на 180С 12-15 минути.
Печени, ги оставаме да подоладат и стакленоста од бомбоните да се стврдни, па ги вадиме внимателно и складираме на темно и суво место, т.е. во добро затворена кутија.

* На секоја ѕвезда пред да ја ставите за печење можи да и направите со стапче за ражнич дупка, така што потоа откако ќе се испечи да и врзите украсна лента и да ја наредите елката или пак да подарите некому лампион-колаче.

„„ Бирајте стаклени бомбони без полнеж и со сјај, ако сакате да добиете изглед на вистинско стакло на колачињата.
Уште една финта за добивање на добар стаклест изглед е кога ги ставате дробените бомбони да внимавате да го правите тоа да е во средината на отворота да избегнувате тие да ги допираат ѕидовите, бидејќи ако целосно рамномерно го исполните отворот, маста од колачето во текот на печењето ќе се измеша со бомбоната и наместо стаклест ќе се собие заматен прозор.
Внимавајте и колку ги полните, оти ако ставите одповеќе ќе се разнесат и врз делот на кексите, како што тоа мене ми се случи на неколку.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови