Еве уште еден предлог од мене за убави пралини за предстојните празници.

Во сад над пареа ги ставаме чоколадото, еуро кремот и пола лажиче масло, да се соединат.
Кога е готово го додаваме сокот од портокал, мешаме убаво да се соедини.
Шеќер јас воопшто не ставив, по желба се додава шеќер во прав.
Додаваме и рендана кора од портокал по сопствен вкус.
Во садот ги додаваме оревите и мелените чоко кекси.
Изедначуваме.
Млаката смеса ја полниме во силиконски калапи.
оставме да се стегни.
Потоа ги вадиме пралините од калапите и ги декорираме.
Послужуваме.
Јас добив 15 пралини, но да напоменам дека калапот е поголем, значи може да се добијаат од 20-25 пралини.

Среќни празници

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани