Овие елкички ќе ви ја разубават пред се новогодишната трпеза, но и убаво ќе ве засладат. Откако малку ќе отстојат не можите да престаните да јадите од нив.

Најпрво треба да спремите фишеци од хартијата. Од големината на фишеците зависи и големината на елките кои ќе ги добиете. Можи да направите помали или поголеми. Јас исеков одприлика квадрати од 25 см, т.е. од ролната хартија исеков отприлика 25 см должински, па ја преполовив после во должина и ја секов на пола.
За поавтентично, можи да исечите кругови кои после ќе ги исечите на половина и од секој ќе завиткате фишек кој одозгора ќе добие рамна површина како конус. Мене краевите кои стрчеа ми се најдоја убаво да ги достегам, и со нив завиткам.

Од секој сечен квадрат завиткајте фишек и гледајте да е колку што можи поширок. Крајот залепете го со проѕирно лепило.

Стопете го чоколадото со маслото. Јас го топев во микробрановата на 2 пати по 30 секунди. Потоа во него измешајте зелена прехрамбена боја. Убаво е таа да е течна, но ако користите во прав како мене, растворете ја во неколку капки вода и аромата портокал-ѓумбир.
Додајте ги оризовите снегулки и убаво и рамномерно измешајте.
Можеби има разлика дали ќе се користи течна боја или боја во прав. Кај мене влегоја многу помалку снегулки во грамови од изворниот рецепт, така да можеби и изборот на чоколадо има улога, па доколку сметате дека можи да одат уште снегулки, придодадете. Битното е секоја да ја фати околу со чоколадо.

Секој фишек полнете го со помош на мала лажичка и набивајте ја смесата со него за да не остануваат празнини. Последниот дел добро израмнете го, тој ќе е основата на која ќе стојат елкичките.

Оставете ги во фрижидер 15на минути убаво да се стегнат, па потоа внимателно извадете ги од фишеците.

Украсете ги со перли, топчиња кои ќе изгледаат како лампиони или шеќерни ѕвездички, одозгора наросете шеќер во прав (јас ставив кокос) да изгледа како снег, послужете и уживајте во пофалбите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови