Сакав да пробам помалце калорични крофнички, притоа ги правев со мед наместо шеќер. Печените се нешто потешки во смисла на полебести од пржените бидејќи ја немаат онаа воздушеста текстура но и тие се убави доколку не сакате да ги /удавите/ во масло. Затоа направив дел пржени дел печени од оние стандардните форми, но тоа сега не е важно!
Најпрво го ставаме квасецот во млака вода да нарасне. Потоа замесуваме тесто, при крајот ја раствораме бојата во малку вода и ја вметнуваме во тестото. Оставаме да нарасне дупло. Развлекуваме подебела кора и со форми за правење колачиња правиме елкички. Оставаме и овие да нараснат дупло од својата големина и печеме во загреана рерна на 180степени.
Откако ќе се испечат ги вадиме и додека се топли ги премачкуваме со стопен путер и поросуваме со шеќер. Потоа правиме мали дупки со нож и украсуваме по желба.
Полнењето е по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови