Убава, глазмурозна торта за да се засладат прекрасните празнични денови кои се пред нас.
1. Јајцата се матат пенесто со шеќерите.
2. Се додава водата, се промешува, па се додаваат брашното, лешниците, кокосовото брашно и пецивото.
3. Добро се меша и се пече пандишпан во намрсена тава бр. 28.
4. Рерната треба претходно да се загрее, а кората се пече на 180 степени околу 15 до 20 минути, во зависност од рерната.
5. Печена е кога ќе се оддели од краевите на тавата.
6. Нека се излади малку, а за тоа време се приготвува кремот.
7. Млекото се загрева и се остава да зоврие.
8. Во зовриеното млеко се додаваат претходно измешани ванилата, кокосот, лешниците и гризот.
9. Се меша убаво со жица за матење додека да се добие густ крем.
10. Откако ќе згусне кремот, му се додава искршено белото чоколадо.
11. Се меша убаво за да се истопи низ кремот.
12. Потоа се трга на страна и се остава да се излади.
13. Путерот и шеќерот во прав се матат пенесто на страна.
14. Двете смеси се спојуваат.
15. Испечената кора се филува со целиот крем.
17. Украсете по желба.
18. Оставете ја тортата на ладно (или во фрижидер) преку ноќ, за да се стегне убаво.
19. Потоа исечете и послужете. На здравје. Среќни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови