Од сите наведени состојки за тесто, со постепено додавање на млекото, се замесува средно меко тесто. (Квасецот претходно активиран.)Убаво се изработува, се удира и неколку пати од работната површина каде што се меси. Се премачкува со масленце, се покрива со најлонска фолија и неколку памучни крпи. Се остава на топло да го дуплира волуменот.

Потоа кратко, но енергично се премесува и уште еднаш се остава да надојди во садот во кој замесивме. Сега времето е пократко за стасување.

Се вади од садот, без премесување се дели на два дела.
Едниот дел е за средината. Тој се дели на два дела - еден помал од кој се вадат три топчиња, а другиот поголемиот се вадат два дела. Полесно се воочува на дополнителните фотографии. Трите топчиња се отвораат во правоаголни кори, се премачкуваат со маргарин.Се редат едно врз друго.Се рецкаат од страна и се плетат.Се ставаат во подмачкана тава бр.36 со маргарин.
Од другите два дела исто се отвораат правоаголни кори.Едната се премачкува со маргарин и се витка ролат.А, другата на средина, по цела должина се засекува и се плети со поткревање.Ролат се премачкува со маргарин и оваа сплетената кора се става одозгора и убаво се обвиткува.Се става во тавата околу првиот дел. Со ова завршува изработката на средишниот дел.

Сега се работи надворешниот дел.
Од двата дела се отвораат што поголеми правоаголни кори, кои се премачкуваат со маргарин.Се ставаат една врз друга и се ролаат. Се сечат парчиња кои се редат на косо, како завршен дел од погачата. Од три парчиња се украсува на спојот од деловите.

Се покрива и се остава да стасува уште околу 45 мин..

Се премачкува со разматено јајце и се посипува со семињата и семките.

Се пече во загреана рерна и тоа најпрво на 220 околу 15 мин., па се покрива со алу фолија и се намалува на 180 степени и се продолжува со печење уште 50 мин. и на крај се открива и уште 5-10 мин. на 200.Времето на печење е подолго, бидејќи е поголема количина на тесто.

Потоа се “задушува“.

Вкусна и декоративна погача која заслужува место на новогодишната трпеза... ))))
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови