Тортава ја крстив новогодишна оти прв пат ја направив на нова година, на први јануар утрото. Имено, претходниот ден на работа, попладнето пред одење, една колешка онака по пат ми го кажа рецептов. Јас иако имав веќе направено десерт, помислив дека таква освежителна торта утрото ќе ни го реши полесно мамурлукот од многу храна и вино,на новогодишната ноќ. хе хе......

Ја направив во обична правоаголна тава бр. 40.

На дното редиме во еден ред бисквити цели. Врз нив ставаме сечкано овошје, Јас го наредив ананасот, кивите па бананите. (Совет, ананасот на што помали парчиња иссечкајте го затоа што не излегуваат убави парчиња во сечењето, се крши)

Врз овошјето ги ставаме остатокот од бисквите искршени со раце, повеќе како издробени.

Во тенџере на оган во литар и пол млеко и шест лажици шеќер ги вариме двата пудинзи. Ќе биде потечно од обично но тоа е целта, се потура преку се, да се напијат бисквитите и да се врзе тортата.

Се остава на ладно најмалку 5 - 6 часа. Најгоре се прекрива со шлаг или хопла по желба.

Ако можете да почекате (јас не можев) најдобро е да ја оставите преку ноќ.

п.с. Помогна против мамурлукот.

Среќна нова година

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови