Оваа торта ми е една од омилените торти. Многу е кремаста и вкусна и точното име на тортава е Несквик сон торта. Значи самото име кажува дека тортата е сон. Многу е убава ви ја препорачувам да ја пробате.

Најпрво ги правиме корите

За кафената кора
Матиме 5 белки со 5 лажици шеќер во цврст снег. Откако ќе се измати во него постепено го додаваме пудингот од чоколадо, соединуваме и ја ставаме смесата во премачкано калапче да се печи.

Жолта кора
Матиме 5 белки со 5 лажици шеќер во цврст снег. Откако ќе се измати постепено го додаваме пудингот од ванила. Соединуваме и ја ставаме кората да се печи.

Бела кора
Матиме 5 белки со 5 лажици шеќер во цврст снег. Откако ќе се измати постепено додаваме 3 лажици густин. Соединуваме и ја ставаме кората да се печи.

Фил
Матиме 15 жолчки со 10 лажици шеќер, додаваме 10 лажици брашно и 200мл млеко. Сето тоа го вариме во 800мл млеко (зовриено). Мешаме постојано додека не се згусти (како пудинг). Откако ќе се згусти го ставаме настрана и му додаваме 200гр. несквик. Кога убаво ќе се олади го додаваме маргаринот,  добро го матиме и на крај го додаваме и преостанатиот 200гр несквик.

Посебно ги матиме 300гр шлаг крем со 300мл млеко.

Корите се печат во калап 25х30 околу 15 минути на 180 степени

Редослед на филување
Бела кора, фил, шлаг, жолта кора, фил, шлаг, кафена кора, фил, шлаг.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови