Ролатот од Винчини исечете го на тркалца.

За фил
Половина од млекото ставете го да зоврие. Во другата половина ставете брашно, шеќер и убаво измешајте. Во зовриеното млеко додајте го млекото со брашно и мешајте додека не згусне. На крај додајте кафе, промешајте и изгасете.
Оставете филот да истине.
Маргаринот изматете го со шеќер во прав, во него додавајте по една лажица фил од кафе и се' убаво изматете.
Калапот во кој ќе правите торта постелете го со фолија.
На парче ролат ставете по една лажица фил и ставетего исправено, така наредете го цел ролат во круг. Одозгора премачкајте со останатиот фил и  ставете во фрижидер да се стегне.
Чоколадото за готвење стопете го со 2 лажички млеко и прелијте ја одозгора тортата. Ишарајте и со бело чоколадо по желба.
Јас ја украсив тортата со капини. Вие можете по желба со какво имате овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани