Отидов како и секоја година во блиското селце да соберам капини. Овој пат не собрав ни 600 гр и се „убив“ :))) Кога помина раната на раката, морав да направам вкусен чизкејк од “крваво“ собраните капини и успеав во тоа... секој што го проба покажа израз на задоволство и посака уште. Добро е, тетанус не ставив, но преживеав и ете на скратeно раскажав :)))

Ставете ги капините со шеќерот да се сварат. Варете ги околу 5 минути откако ќе почнат да вријат. Процедете ги преку сито.

300 гр изварка и 150 гр шеќер во прав изматете. Додадете 2 лажици кисела павлака, рендана кора од пола лимон и екстракт од бутер ванила.

Посебно изматете ги преостанатите 200 гр изварка со пулпата од капините. Додадете ја другата половина изрендан лимон и исцедете сок од половина лимон. Убаво изматете со миксер, па додадете ги преостанатите 2 лажици кисела павлака.

Спремете го желатинот спрема упатството. 2/3 додадете во белиот фил, а 1/3 во филот со капини.

На страна изматете ја слатката павлака, па додадете ја на двете места по пола. Измиксирајте ги.

Исечете ја готовата кора паднишпан спрема дното на калапот. Кај мене е 5тоаголен, но отприлика одговара за калап 26, 28. Обложете го дното на калапот со паднишпанот, премачкајте во висина од 1 см со филот од капини, ставете пола од белиот фил, премачкајте го грубо и одозгора додадете 3-4 лажици од филот со капини, па измешајте грубо и нееднакво, за да дојди мермерен колорит. Повторете ја постапката уште еднаш на истиот начин со филовите.

По желба одозгора можи да ставите капини или некое друго овошје, иако не мора, бидејќи преливот ќе е темен од капиновиот сируп.

Спремете го преливот за торти спрема упатството, но наместо со вода, користете го сирупот од капини, кој доколку има потреба ќе го дополните со вода за потребата. Во мојот случај течноста требаше да е 250 мл.
Прелијте ја тортата одозгора. По желба можи да попрскате со шарени трошки. Ставете ја во фрижидер неколку саати убаво да се стегни. Пред служење декорирајте (по желба) одозгора со шлаг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани